речник контакт

За три часа ноќеска во Тиквешијата регистрирани три случaи на возачи кои возеле во алкохолизирана состојба

Против сите нив ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Петар Печков

Ноќеска по полноќ во три одвоени случаи, регистрирани се исто толку настани кога возачи во Тиквешијата, во алкохолизирана состојба управувале возило. Деталите од билтенот на СВР Велес.

„На 14.12.2025 во 02:15 часот, на регионален пат Неготино-Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Д.(26) од село Тремник, неготинско. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта“ 

„На 14.12.2025 во 00:05 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.Т.(36) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта“

„На 14.12.2025 во 03:07 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.С.(45) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта“

Сите три лица биле задржани во полициска станица, известен  јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против сите нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »