речник контакт

За шест месеци, македонските аеродроми со рекордни 808.888 превезени патници

Најчесто се патува до Истанбул

Петар Печков

Македонските аеродроми “Александар Велики” и “Св. Апостол Павле”, во првите шест месеци годинава регистрирале рекордни 808. 888 превезени патници. Оваа бројка е за 27 проценти поголема од истиот период лани кога имало 637. 683 патници. Најзастапени дестинации според бројот на патници се: Истанбул 12,8 отсто, Цирих 10,4 отсто, Виена 5,7 отсто, Малме 5,1 отсто, Базел 5,1 отсто и Лондон 4,6 проценти. Паралелно има зголемување и на бројот на прелетите. На Александар Велики и на Св. Апостол павле во првите шест месеци годинава имало 7 758 прелети за разлика од 6739 кои биле во 2015.

Според податоците од Министерството за транспорт и врски, растат турканиците на скопскиот аеродром каде во периодот од јануари до јуни 2016 се превезени 759. 244 патници, што е за 140 илјади повеќе од истиот период лани кога имале 610.511 патници. Рекордни бројки бележи и охридскиот аеродром. Годинава имале 49.644 патници што е дури за 82 проценти повеќе од истиот период лани кога биле превезени 27.172 патници.

Статистиката покажува дека зголемувањето на бројот на превезени патници на македонските аеродроми изминатите години е огромен. Во првите 6 месеци во 2009 година, пред да бидат изградени новите аеродроми имало 270 249 патници. Во 2011 тој број е зголемен на 337.888, за во 2012 да биде над 400 илјади. Во 2015 има драстично зголемување и на двата аеродроми во првите шест месеци биле превезени 637 683 патници.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »