речник контакт

За ресторанот Астибо Дортмунд во Германија (фото)

На пастрмалија и гравче тавче во Дортмунд. Велешкото семејство Јанев - Сарагиновски пример за успешен бизнис во Германија.

Петар Печков

Во  Дортмунд   на Berghofer str.134  се наоѓа ресторанот Астибо - Дортмунд на велешкото семејство Јанев Сарагиновски - Жанет, Зоран, Габриела и Дарко. Тој започна со работа на  29 ноември 2013-та година и од тогаш бележи постојан  раст на гостите и посетителите. Тоа е место собиралиште на велешани и Македонците кои живеат во овој град.

Ресторанот има капацитет за 90 гости, каде може во секој момент да се најдат и македонски специјалитети, пита пастрмалија, гравче тавче и останатите јадења кои се синоним за југот на  Европа, на срцето на  Балканот, од Македонија.  Успешната работа на сопствениците ги дава резултатите, па ресторанот е  посетен и од бројни Германци кои сакаат да вкусат наши специјалитети и скара.

Неодамна се  организираше и наградна игра, каде најсреќниот гостин доби платен седумдневен хотелски престој во Македонија, во Хотелот Милениум во Охрид, престој за двајца со платен авионски билет, кога гостинот ќе посака.  Ресторанот Астибо -Дортмунд како пример за успешна работа на нашите во странство, заслужува да биде прочитан.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »