речник контакт

За 89 кг марихуана, седум години затвор

За 4,5 кг марихуана, две и пол години затвор

Петар Печков

Седум години затвор доби   Амед Сафет (39 год) од Скопје, откако беше фатен со 88,8 кг марихуана.   Тој го призна делото по што во Основен суд Велес му беше изречена затворска казна за кривичното дело ,,пуштање во промет  на наркотична дрога,, а автомобилот  Фолксваген Венто со кој ја превезувал марихуаната  е одземен.  

Марихуаната ја носел во две црни торби и три јутени вреќи.  Обвинетиот Сафет, кој  имал и друг идентитет, Насер Синани и Насер Јахии изрази жалење за стореното.

Невработен сум, имам три деца, болна мајка и ми требаа пари – рече Амед пред судот.

Тој ова го сторил за паричен надомест од три илјади евра, а марихуаната ја презел од непознати лица од Косово. Требало да ја пренесе до ГП Богородица, на  македонско -грчката граница.   Сафет бил откриен на 6-ти септември минатата година  околу 19:50 часот на локалниот пат Велес- Башино Село, на околу 100м пред бензинската станица.

При извршениот претрес на возилото на задното седиште во двата куфери биле пронајдени 84 најлонски пакувања а во багажниот простор во јутените торби биле пронајдени вкупно 94 а или  вкупно 178 поголеми пакувања со марихуана. Вкупната вредност на откриената марихуана  на македонскиот пазар на големо е околу 100 илјади евра.    

Обвинетиот Сафет, кога е фатен на дело како пренесува дрога,  бил на условен отпуст од Швајцарија каде отслужувал затворска казна за исто такво дело. 

Две и пол години затвор  за скопјанецот Аднан Веселов (38 год) кој беше фатен  на граничниот премин ,,Богородица,, при обид за излез  од Македонија, како пренесува  4,5 кг марихуана.  Тој се спогодил со обвинителството, по што во Основен суд Велес му е изречена оваа казна затвор.   Веселов  бил откриен  на  28 септември лани,  во 23.30 кога во автомобил ,,фолксваген туарег,,  кој тој го управувал,  биле пронајдени три црни торби со  десет пакувања   марихуана,  во вкупна тежина од  4,5 кг. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »