речник контакт

Зголемена казната за сообраќајката пред Пошта

Три наместо две години затвор за возачот кој управувал автомобил во алкохолизирана состојба, возел пребрзо и не држел страна

Петар Печков

 Апелација ја зголеми од две на три години затвор, казната  на Емил Брезев (22 год)  за сообраќајката која се случи пред две години пред зградата на Пошта.  Велешкиот суд  пресуди две години за ,,тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот, во сообраќајот,,  а Апелација, постапувајќи по жалбата на двете странки, одлучи да ја зголеми на три години.

Згора на тоа Брезев една година по одлежувањето на казната,   нема да смее да вози  моторно возило  од ,,Б,,категорија, толку време има забрана за  управување. За надомест на материјална штета, оштетените се упатени на граѓански спор.  

Сообраќајка се случи на 18 април 2014-та година во 4.15ч.   кога Брезев управувајќи автомобил марка  БМВ, возејќи по улица Благој Ѓорев  кон Сармаале, удрил во возило ,,сеат ибица,, кое било на соседна улица Алексо Демниевски Бауман и се движело кон семафорите.

Обвинетиот  според вештачењето не држел страна на движење, возел со брзина од 96 км/ч а кај него се пронајдени 1,54 промило алкохол. Од силината на ударот двата автомобили завршиле на ѕидот од зградата, близу аптека Зегин.    

Од тежината на здобиените повреди возачот на автомобилот ,,сеат ибица,, Орце Атанасов (52 год), починал на лице место.  Пресудата е правосилна. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »