речник контакт

Зградата на Стариот театар ќе се руши, таму ќе се гради зградa

Просторот е проценува на околу 200 илјади евра

Петар Печков

Зградата на Стариот театар и некогашното кино Вардар, ќе биде срушена. Ваква е одлуката на надлежните, по согледувањето за состојбата на објектот и каква е неговата идна функција. Обејктот ќе се руши а на тој простор  ќе никне деловна зграда, за станување. Ова го соопшти градоначалникот Чадиев. 

Градежните инжинери од локалната власт го дадоа своето стручно миселње за овој објект.  Тој е е добар за употреба и ќе мроа да се сруши.  Во тек сме на донесување на Детален Урбанистички план за овој дел на градот, имаме маркица таму и ќе биде понуден на продажба  - изјави Чадиев.

Локалната власт планира на овој простор да се гради зграда наменета за становање а во долниот дел деловен простор. Ќе треба да го гради приватен инвеститор, кој ќе понуди најдобра цена на продажбата.  

Просторот кој го зафаќа објектот со некогашната летна тераса има околу илјада квадрaти и се проценува дека вреди околу 200 илјади евра.

Во февруари годинава Владата и го отстапи објектот, стариот театар на локалната власт, откако велешкиот театар доби нова современа зграда.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »