речник контакт

Зградата на улица Енгелсова во Велес

Ни по шест години станарите не можат да се вселат во нивните станови, зградата на улица Енгелсова сеуште не е готова

Петар Печков

Триесетина сопственици на становите во зградата на улица Енгелсова во Велес шест години чекаат да се вселат во нивните домови. Иако уплатиле во мај 2002-та таа сеуште не е подготвена да ги прими станарите, кои безуспешно чекаат објектот, чиј инвеститор е Подрачната единица на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, да биде предаден.

- Уште во потпишувњето на договорот во 2002-тата плативме учество во висина од 3о до 50 отсто. Иако нема забележано рок до кога треба да се вселиме, освен дека тоа ќе биде во разумен рок, што не значи дека треба толку време да чекаме. Попусти се нашите реакции до инвеститорот кој ветува а никако да ја заврши зградата. Само колку камата овие години ќе добиевме, да ги чувавме во банка парите а станот сеуште не е готов. Дали треба со закана дека насилно ќе се вселиме да се заврши работата - велат станарите.

Според нив таа е готова, но проблем се комуналиите, нема вода и струја и тие се песимисти дека клучевите од становите ќе ги добијат до следното лето.

Еден од нив со горчина додава дека кога го купил станот планирал со сопругата тука да живее, а сега кога свадбата е на прагот ќе мора да биде потстанар. Очекува дека нема и приновата да биде побрза отколку да се всели во станот.

Директорот на ПЕ на ЈПССДП до Велес не дава одговор за зградата на улица Енгелсова.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »