речник контакт

Здружението на судии бара заштита за велешките колеги

Три опожарени автомобили, обид за палење на влезната врата, фрлање на солна киселина се атак на судискиот систем во земјава

Петар Печков

Откако тројца велешки судии, што актуелни, што пензиониран од април до декември останаа без автомобилите, кои изгореа во пожар, под неразјаснети околности и откако велешкиот суд во два наврати беше мета на обиди за потпалување  на влезната врата и фрлање на солна киселина, реагираа од Здружението на  судии на Република Македонија.

Тие бараат заштита на  судиите и нивниот интегритет. Сите овие настани кои изминатата година се случија во Основен суд Велес и на судиите таму, се револт од судскиот систем, не и од судиите, кои изрекуваат казни согласно  законите.  

Здружението на судии на Република Македонија остро реагира на нападот на материјалните добра на судиите, доколку истите се насочени кон заплашување во нивното правораздавање. Во оваа насока истакнуваме загриженост од нападите на личниот интегритет на судиите и загрозување на нивната безбедност. Се надеваме дека надлежните органи во рамките на своите надлежности ќе преземат соодветни мерки за заштита на личниот интегритет, материјалните добра и приватноста на судиите.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »