речник контакт

Здруженијата за заштита на животните бараат да се откаже мерката за масовен отстрел на дивата свиња

Го осудуваме субвенционирањето на, масовниот отстрел на дивите свињи по планините стои во писмената реакција на здруженијата

Петар Печков

Седумнаесет здруженија за заштита на животните, меѓу нив и велешки ,,Гласот на животните,,  бараат од Владата да го отповика и спречи најавениот отстрел на диви свињи, како дел од мерките за превенција од болеста африканска чума.

Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни, интелегентни суштества и го осудуваме  субвенционирањето на, масовниот колеж на домашните, питоми свињи и комплетен отстрел на дивите по планините - стои во писмената реакција. 

Здруженијата образложуваат дека болеста африканска чума не е опасна по луѓето и бараат поддршка од членството, граѓаните, итно да се отповикаат овие мерки и да се применат мерките што ги применуваат во соседството.

Како дел од мерките што Владата ги донесе против појава и ширење на болеста се отстрел на диви свињи, уништување на питомите свињи кои не се под биосигурносен надзор и засилени царински контроли на граничните премини за да се спречи неконтролирано внесување свинско месо.

Свинската чума не е опасна и не ги напаѓа луѓето, но е смртносна за свињите и брзо се шири. Извор на вирусот на оваа опасна болест која ги погодува домашните и дивите свињи се заразените, болните или угинати животни, заразената храна и отпадоци од храна, опрема, возила, облека и мекиот крлеж како биолошки преносител на болестa.

Африканска свинска чума, освен во Бугарија, од пред една седмица е потврдена и во Србија. 

Директорот на Агенцијата за храна, Зоран Атанасов, неодамна на средба со ловџиите во Велес, кога ја образложи оваа одлука, кажа дека таа нема да влијае на уништувањето на фондот  на дивата свиња. 

Целта на овој отстрел е да са намали популацијата на диви свињи, која според сегашната проценка е три пати повеќе од  колку што треба да ја има во земјава, во ловиштата. Не зборуваме за минимум, кој е 0,3 свињи на км2, туку да се намали можноста да се пренесе болеста африканска свинска чума, преку дивите свињи- изјави  Атанасов.

Од здружението на одгледувачи на свињи додаваат дека  отстрелот на осум илјади диви свињи  е помалку страшен наспроти опасноста да се изгубат 300 илјади свињи по фармите.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »