речник контакт

Зелената коалиција се жали на одобрението за писмото на намери за рестарт на топилницата

Министерството за животна средина, наспроти најавите, писмено не побарало алтернативна локација за велешката топилница

Петар Печков

Зелената коалиција од Велес поднесе жалба по решението  на Министерството за животна средина, со кое на инвеститорот ,,Метрудхем,, од Скопје му ги даваат ,,домашните задачи,, кои треба да ги завршат за да можат да  се надеваат на добивање на ,,А,, интегрирана дозвола. Велешките екологисти  им забележуваат на државните органи, што едно зборувале во  јавноста а друго пишале во документите. Поради ова тие ќе побараат правда од второстепената владина комисија.

Ние како граѓанска организација сметаме дека има повеќе  големи пропусти во решението, две се суштествени.  Претходно надлежните од министерството јавно изјавија дека се бараат алтернативни локации за топилницата, што во решението никаде не е пишано. Второ е што никаде не е прецизирано што со депонијата со згура, бидејќи ,,Метрудхем,, најави дека ќе ја обработува старата згура преку новата инсталација. Тоа е сериозен проблем и затоа бараме одговор – изјави Ненад Коциќ од ,,Зелената коалиција,,. 

Со писмото за намери за рестарт на велешката топилница, ,,Метрудхем,, најавува дека тие планираат да започнат да работат на истото место, со истата опрема и истата технологија. Таа би имала капацитет на преработка на 180 илјади  тони суровини од  кои ќе се добиваат 100 илјади  тони сурови метали, и ангажирање на 1500 вработени.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »