речник контакт

Земјоделец лажнo пријавил за субвенции

Ја оштетил државата за 450 илјади денари

Петар Печков

СВР   Велес поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (65) од Велес, поради основи за сомнение дека сторил  кривично дело „Фалсификување  исправа“. Тој во 2008 година  склучил договори со единаесет лица да му  отстапат 25 хектари земјоделско земјиште,  во кој подоцна ја преправил содржината и наместо закуп за една година внел период од пет години.

Со таквите договори конкурирал во  Подрачната единица на Министерството за земјоделие во Велес за добивање на субвенции.  Поднесените барања му биле  доборени и за четири години   од 2008 до 2011 година исплатени  453.810 денари,  средства за која го оштетил републичкиот  Буџет.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »