речник контакт

Земјоделски протест пред штабот на СДСМ

Незадоволни од блокадите на тутунарите, други земјоделци протестираа пред партискиот штаб на СДCМ бидејќи сметаат дека тие стојат зад незадоволството а не ниската откупна цена

Петар Печков

Тутунарите денес ги немаше на патиштата, немаше блокади, но затоа имаше протести пред партиските простории на СДСМ во Велес.   Педесетина земјоделци кои за себе велеа дека се тутунопроизводители со транспаренти сметаа дека Бранко Црвенковски и СДСМ стојат зад блокадите.

Го продадов тутунот по 210 денари за килограм и сум задоволен од цената бидејќи е добра. Тутунот што јас го одгледував дава добар квалитет и принос за разлика од тој во Прилеп. Затоа тие добиваат субвенција 3 илјади евра а јас илјада евра а имаме исти трошоци.  Секој треба сам  реално да си го процени тутунот - земјоделец од село Иванковци кој протестираше пред штабот на СДСМ  во Велес. Објасни дека не бил партиски определен.

Како што е сега никогаш не било подобро за земјоделците. Не сум во ниедна партија, но ми пречи што тутунарите блокираат патишта. Нека ги блокираат откупните центри, каде се цени тутунот а не патиштата. Имав 600 килограми  и сите ги продадов по одлична цена – вели земјоделец од велешко. Наспроти нив тутунарите од велешките села населени со албанско население, кои два дена го блокираа патот кон Штип, тврдеа дека годинава квалитетот на тутунот е за 20 отсто подобар од лани а имаат послаба цена од минатогодишната

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »