речник контакт

Земјоделците од Дурфулија лути што не се испукани градобијни ракети, па родот е уништен од градот

Прелетот на авиони над Овче Поле не дозволил да бидат истрелани градобијни ракети

Петар Печков

Голем дел од родот на земјоделие од Овчеполското село Дурфулија го уништи градот кој во селото падна во понеделникот. Посевите со тутун, жито, лозјето, градинарските култури некаде се столчени до корен, годинава тие нема да родат. Селаните се лути затоа што навреме не реагирала против градната одбрана, која не истрелала ниту една ракета.  Прашуваат зошто затаил системот за заштита, и  кој ќе ја сноси одговорноста за овој пропуст, која предизвика кај земјоделците огромни штети.

Понеделникот попладне  градот столчи се што имавме како култура но и расад. За половина саат ја уништи цела наша годишен труд и мака.  Од оваа работа живеам јас и  шест членото  семејството. Конкретно од тутунот, субвенциите нема да завршат работа оти родот отиде. Илјада евра ќе добијам а две од тутунот нема. Како ќе не  биде не знам. Пет декари тутун се уништени. Зошто не се пукаа против градните ракети се прашува цело село – вели Орце Николовски земјоделец од селото Дурфулија, општина Лозово.

Локалната власт, преку градоначалникот Орце Цветковски ден по невремето, негираше дека имало град во неговата општина и не примил никаква реакција од жителите за ваква непогода. Сега по неколку дена, со две комисии ги констатираат штетите,  изготвуваат елаборати, за навреме да бидат доставени до Владата, која ќе одлучи со колку средства ќе ги обесштети земјоделците. 

Контролата за летање од аеродромот не дала дозвола. Испукувањето на ракетите требало да се случи токму во тие моменти кога имало прелет на авиони над Овче Поле..Потоа немало да има никаква цел – им одговори Зоран Коњановски, заменик министерот за земјоделие.

Но ги упати да си го осигурат имотот и родот, бидејќи Владата преку субвенции овозможува само со 40  отсто од земјоделците да се осигура целиот имот, останатите 60 ги плаќа државата.  Ваквата мерка лани ја искористеле 1.300 земјоделци.  Тие пак објаснија дека и тоа се големи пари за нив,  во ситуација кога  не им е исплатено ланскиот откуп на лозје, од винарница Анчевски. Коњановски додаде дека изминатиот период шест винарии останале без лиценца откако не го исплателе родот.

Ја користам оваа прилика и ги повикувам сопствениците на винарии како што им го собраа родот така на земјоделците да им ги исплатат парите. Ако земјоделецот нема пари да си го осигура родот тогаш и винаријата ќе остане без грозје -  рече Коњановски.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »