речник контакт

Зејтинот со рекордно ниски цени

Еден литар масло за јадење се продава за 54 денари

Петар Печков

 Деновиве  зејтинот се спушти на рекордно ниска цена, некаде го има и за 54 денари за литар Ако пред три четири години цената достигна до највисоко ниво од 110 денари, таа се спушти на  двојно пониска. Ваква цена маслото за јадење имаше пред десетина години.  Ниската светска цена на суровината влијаеше и на македонскиот пазар и производителите, кои цените  континуирано ги спуштаат. 

Работиме според берзански цени и суровината е таа која го има одлучувачкото влијание. Иако е рано да се зборува за очекувања на подолг период, не се предвидуваат некои драматични промени – изјави Ирена Брчкова   директор на производство во велешка Маслодајна.

Така ниту кризата во Украина ниту поплавите во Хрватска и Србија не влијаеја на цента на рафинираното масло за јадење, тоа и натаму е во надолна линија. Ова фабрика  најстара во земјава со традиција од девет децении  ги задоволува потребите на македонскиот пазар  од сопствено производство во мали количества, за само два месеци од годината. Ако до пред 15-тина години произведуваше масло од сончоглед  за 10 месеци, сега работите дијаметрално се  променија.    

Количините кои се преработуваат  од домашно производство се многу мал дел на нашите инсталирани капацитети. Затоа сме присилени на увоз на сировина, на сончогледово масло. Факт е дека приносите од домашните производители се минимални а посеаните површини секоја година се се` помалку – вели Брчкова.

Намаленото домашно производство влијае на зголемен увоз на готово масло за јадење, па македонските потрошувачи имаат голем избор на хрватско и српско масло,  најмалку македонско.  Ако на почетокот на 90-тие во Македонија во Пелагонија и Овче Поле сончогледот и маслодајната репка се одгледуваа на 40 илјади хектари лани спадна на десет пати помалку 4 илјади ха.  Така сериозни девизни средства се одлеваат од државата за  увоз на масло или на суровини.   Годинава се очекува да биде потешко да се набави сончоглед. Земјоделците го вртат грбот на оваа култура. Турски бизнисмен  потпишал договор со земјоделци од Пелагонија за откуп на сончоглед, кој наместо за преработка ќе служи за грицкање семки.

Меѓу првите земјоделци започнав со огледување сончоглед, но првин за масло, чие производство беше запоставено со распаѓањето на Југославија. Во последно време цената  не е баш најдобра.  Па белиот сончоглед сега е вистинска шанса за добра заработка. Тој повеќе се исплати од индустрискиот сончоглед, затоа засеав 100-тина хектари - вели Исмаиловски земјоделец од Пелагонија.

Во ова житно поле од две илјади хектари кои што досега се засејуваа со сончоглед, Турчинот договорил илјада да преземе тој  или вкупно две илјади од засеаните четири  со сончоглед на територијата на цела Македонија. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »