речник контакт

Зимата стаса, сабота во 10,20ч

Временската прогноза вели дека јануари и февруари ќе бидат навистина зимски, со снег и ниски температури

Петар Печков

Астрономски зимата годинава, 2024, стаса во 10:20ч по средноевропско време, на Северната полутопка. Истовремено на Јужната стаса летото. Денот во Велес траe 9. Ч. и 9 мин.,и денот е најкраток,  сонцето изгреа 6:57 а зајде во 16:06 ч. Зимата ќе трае се до 20 март следната година, до 23:40 ч. кога ќе стаса пролетта.

Што се однесува до временската прогноза, таа вели дека  јануари и февруари ќе бидат навистина зимски, повремено ќе врне снег, а највисоката дневна температура ќе се движи од нула до пет степени, минималната во некои денови и до -10 степени Целзиусови.

Крајот на зимата и топењето пристигнуваат на крајот на февруари и почетокот на март. Сè на сè, оваа зима би можела да биде најстудена и снежна  во последните 10 години.

Месец јануари се очекува да биде со температури во интервалот од -8°C до 0°C.  Во првата половина се очекува значително поладно време, чести врнежи и умерени до силни мразови. Просечни температури во февруари ќе бидат околу 4°C со поголеми флуктуации. Врнежите ќе бидат умерени, со постуден крај на зимата во однос на лани.

Зимата 2024-25 ќе донесе традиционални зимски услови со пониски температури и зголемени врнежи, кулминирајќи со класично зимско искуство. Јануари ќе го достигне врвот со постудено време и врнежи, додека февруари ќе го заврши зимскиот циклус со умерен студ и помалку врнежи, но сè уште понеповолни услови во споредба со минатата година.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »