речник контакт

Зимскиот распуст годинава ќе трае дури 23 дена

Започнува на 30 декември завршува на 21 јануари. Наставниот персонал, административниот и услужниот кадар на работа од 9-ти јануари

Петар Печков

 

Зимскиот распуст за учениците започнува сабота  на  30-ти декември и ќе трае до 21 јануари.Тие со настава ќе започнат  на 22 јанаури.   Летниот распуст  ќе започне на 9 јуни  (сабота).

Законски и во согласност со наставната година, во оваа учебна година мора да има 180 работни денови. Поради тоа и пролетва ќе има две работни саботи.     На 17 март кога ќе се држат часови по распоред од петок и 14 април исто така со распоред од петок.

Министерството за образование и наука препорача до директорите за наставниците,  административниот и услужниот кадар, работните обврски да започнат на 9 јануари (вторник) .  

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »