речник контакт

Зоран Димов на СП во маратонско трчање претрча 188 км за 24 часа

Со овој резултат тој беше 146-ти од 244 натпреварувачи.

Петар Печков

Македонскиот репрезентативец велешанецот  Зоран Димов на Светското Првенство го 24 часовно трчање кое се одржа  во Стенбергер Холандија стигна до 146-тото место од 244 учесници од 30-тина држави. Тој за 24 часта, од саботата напладне до неделата на пладне истрча 188 км. 

Димов е задоволен од постигнатиот резултат, бидејќи пред два месеци бил на операција на менискусот а него најдобар резултат е 210 истрчани км за 24 часа.  На ова СП во екипна конкуренција победи САД а поединечно американецот Џон Олсен кој за едно деноноќие истрча 270км.  Тие за овој период од 24 часа додека трчаат имаат можност да се одмараат, освежат, јадат а победник е тој што ќе истрча најдолга релација. Се трчало на кружна патека  во должина од 5 км.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »