речник контакт

Зоран Миладинов по втор пат го фати Богојавленскиот крст

Пред многу илјаден народ Миладинов беше најсреќен меѓу 78-те верници кои скокнаа во Вардар. Чинот на крштевање на водите ги следеше и претседателот Иванов

Петар Печков

Велешанецот Зоран Миладинов  ( 48 год) го фати светиот крст во водите на реката Вардар, по чинот на водокрст кој го изврши Владиката Агатангел  Митрополит на Повардарската Епархија, пред многу илјадните граѓани на Велес собрани околу Мало Мовче.

Миладинов кој по втор пат го фати крстот, прв пат 1997-та година, скокал 15 пати и најави дека до година ќе оди да го стори тоа во Скопје. Тој доби бројни подароци од МПЦ златен крст и икона, градоначалникот, кумовите ЈКП Дервен ЛЦД телевизор и ЈВП Лисиче вредносен бон од 10 илјади денари, како и од гостинот претседателот  Горги Иванов  кој му подари златен крст и илјада денари унгарскиот принц Фон Хабзбург. Исто така подароци даруваа и бројните помали спонзори.

Ноќеска сонував дека си честитав со претседателот, иако не знаев дека тој ќе дојде на овој настан. Така сонот ми се оствари и ми стана јаве, откако го фатив крстот. Првиот пат кога го фатив крстот се оженив, така што и годинава очекувам убави вести – рече Миладинов, кој беше најуспешен помеѓу 78-те верници кои скокнаа во реката Вардар. 

Тој во наредните 40 дена ќе ги посетува домовите на велешани, кои за овој гест ќе го даруваат според нивните можности. Во населбата Градско пак исто така во реката Вардар крстот го фати 18 годишниот Даниел Илиќ кој за подарок доби ЛЦД телевизор од општинските  власти.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »