речник контакт

Зоран Стојановски нов член на РК Бисинов

Bторо засилување на клубот, по Мартин Димов

Петар Печков

Новиот ракометен  суперлигаш, РК Бисинов од Велес со ново засилување за претстојната сезона. Левото крило Зоран Стојановски се враќа во родниот Велес,  но за помладиот лигаш.

Тој претходната сезона нaстапуваше за екипата на К Радовиш, претходно за РК Тивеш, РК Голден арт, на почетоците на неговата кариера се за РК Борец кога беше член на Супер лигата.  

Стојановски е второто засилување за новиот суперлигаш Бисинов. Велешани претходно се засилија со десното крило Мартин Димов, кој дојде од составот на Пролет, па се покриени на крилните позиции.

Од клубот најавија дека примарна задача при засилувањето на составот, ќе биде да ги вратат ракометарите од Велес кои настапуваат за други клубови од земјава.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »