речник контакт

Зошто средните училишта од градот започнаа со настава од 7,15 часот

Наместо во 7,30 среднистите наутро ќе одат на настава 15 минути порано

Петар Печков

Повеќе од еден месец повеќето ученици во средните училишта во Велес наутро одат на училиште во нов термин, во 7,15 часот, наместо во 7,30 како што беше досега.  Ова се однесува за учениците од сите четири средни школи  Гимназијата Кочо Рацин, Хемиското Димитрие Чупоски и УЗУС ,,Коле Неделковски,,  и од минатата седмица од  Економското ,,Јовче Тесличков,,  кои имаат нов термин за првиот утрински час. За причините зошто е така, на новинарско прашање одговор даде градоначалникот Аце Коцевски.  

Последните часови биле скратени на 40 минути заради потребите училниците да се проветрат, исчистат и бидат подготвени за втората смена, додека во Економското заради организираниот превоз на учениците да може да го фатат автобусот со учениците од други училишта а кои патуваат за исто населено место.  Ова го констатирал овластениот општински просветен инспектор по што е даден наредба сите часови да траат 45 минути поради што наутро сега започнува во сите четири средни училишта во 7,15 часот. Така ќе има доволно време и да се проветрат за следната смена. Со записници од инспекторите сега сите средни школи се обврзани да работат по 45 минути и затоа наставата започнува порано - објасни Коцевски. 

Затоа пак повозрасните помнат дека утринската настава години порано започнуваше во 7 часот.      

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »