речник контакт

Зaпочна вакцинацијата од сезонски грип

Во Центарот за јавно здравје во Велес добиени се 1.200 вакцини а вакцинацијата чини 400 денари

Петар Печков

Во Центарот за јавно здравје во Велес пристигнаа вакцините за имунизација против сезонски грип, со  што од денеска почна и вакцинацијата која е доброволна. Добиени се 1.200 вакцини од германски приозводител, а вакцинацијата чини 400 денари.

Како што информира д-р Билјана Трајкова специјалист епидемиолог од оваа здраствена установа надлежна за иминунизација, вакцината штити од три типа вируси актуелни на северната хемисфера.

Препорачливо е да се вакцинираат постарите лица, хронично болните, како и оние со намален имунитет кои се подолежни на болести, додаде Трајкова.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »