речник контакт

Иако легани, во предизборието двете градби за кои се спореше, мируваа

Не е познато оти спорните згради за соседите, четири месеци не се градеа. Документацијата покажала дека кај нив е се регуларно

Петар Печков

Изградбата на двете индивидуални куќи, кои се во близина на зградата на Општина Велес,  е регуларна и  според законските пропис, информираше градоначалникот Аце Коцевски. Но тој нема информации зошто истите неколку месеци, пред и во текот на изборната кампања беа градби во  мирување. Соседите тоа го толкуваа  како некаква забрана, која ја  немало оти се било регуларно.  Станува збор за индивидуални куќи кои се градат близу надвозникот  на пругата Велес – Битола и куќата на ул. Крсте Мисирков бр.8.  

Од се што успеав да проверам за овие два објекти, произлегува дека тие се  легална градба и дозволата е регуларно издадена.  Министерството за транспорт и врски дало согласност за Деталниот Урбанистички План  исто како и Македонски железници оти едната куќа е во близина на пругата. Немам добра вест за граѓаните, кои реагираа за изградбата на овие две куќи. Ниту знам зошто  во изборната   кампањата не се  градеа,  се беше запрено. Според законот растојанието помеѓу две куќи треба да  биде најмалку три метри, што е почитувано во двата случаи и е  регуларно. Ако општината се одлучи било што да преземе, сопственикот кој го купил плацот на лицитација,  може да ја тужи    и да добие со високо обесштетување  – рече Коцевски. Тој кажа дека инвеститор и за двата индивидуални објекти е фирма од Скопје

И за две куќи за изградбата   имаше реакции  од станарите соседи. Во првиот случај дека е преблизу до зградите, во вториот дека е соѕидан пристапот до станарите на две згради кои според личната карта тој премин им е пристап до  домовите.    

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »