речник контакт

Ивана Стефкова победи на натпревар по физика во Алексинац

Ивана се натпреварувала со соларен мини колектор. Нејзин ментор беше професорката Емилија Најдова

Петар Печков

Младата Ивана Стефкова трета година Хемиско училиште Димитрие Чуповски, медицинска струка  неодамна во Алексинац Србија, победи на силен меѓународен натпревар по физика.      

Нејзиниот ментор проф.  Емилија Најдова  беше учесник на петта меѓународна конференција на физичари на кој се одржува натпревар и за средношколци.    

Со експерименти од областа физика  кои се подготвени од дома а таму презентирани,   учествуваат ученици од Балканот: Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија,  Црна Гора, Бугарија и Македонија. Ивана се натпреварувала со соларен мини колектор.

Покажав  во пракса, како сончевата енергија може да премине во други видови енергија конректно топлинска, која  може да создава  механичка енергија, да врти мотор   кој ќе создава струја, која пак ќе биде искористена како еднонасочна или двонасочна – објасни Ивана за нејзиниот проект.

Претходно него го изработила текстуално, бил прифатен по што проектот го работи како макета.  Потоа таму во Алексинац на натпреварот на лице место експериментот го презентира   пред комисија, која го вреднува, оценува. Како Ивана дошла до идеа дека токму со овој експеримент да настапи пред стотина други учесници, ученици од Балканските држави.   

Најголем проблем на денешницата е создавање на енергија  без згадување на планетата Земја, како што се фосилните горива. Затоа се користат алтернативни горива –сонцето или ветерот. Затоа создадов нешто што ќе биде употребливо во сечија потреба и можност – додаде Стефкова.  

Таа нејзината  иднина ја гледа  во физичката медицина. Токму тука е допирот на физиката и медицината. 

Радиоактивната сфера, УВ зрачењето, како фосилните горива се однесуваат во човековиот организам,  негативно влијаат врз здравјето на човекот. Сето тоа  е врската  помеѓу  физиката и медицината.  Но со алтернативна енергија може да се заштитат луѓето но и човековата околина – објаснува Стефкова.  

Нејзин ментор на натпреварот беше Емилија Најдова професор по физика при  Хемиско училиште Димитрие Чуповски. 

Со Ивана работам од прва година, ова не е нејзин прв успех. Лани освои прво место на  регионален натпревар по нано –технологија организиран од ТТФ од Скопје. Тогаш имаше изум јакна која може да ги полни мобилните телефони.  За натпреварот во Алексинац се вложи себе, се ангажираше многу. Сега се подготвува за натпреварот на Народна техника. Останува  дали некој  ќе ги  забележи  нејзините  резултати и на  останатите надарени ученици за да  напредуваат во животот – рече проф. Најдова.  

Стефкова е меѓу талентираните ученици кои добиваат стипендија од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »