речник контакт

Игор Ангеловски нов началник на СВР Велес

Ова доаѓа со именувањето на Техничката влада која треба да ги спроведе парламентарите избори во април

Петар Печков

По предлог на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, а со согласност  со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, денес извршија именување на нови раководни лица на позициите раководители и нивни заменици. За СВР Велес нов началник  е поставен Игор Ангеловски а за дополнителен заменик  началник досегашниот началник  Злате Јаневски. 

Ангеловски е дипломиран дефендолог при Факултетот за  безбедност и одбрана на Универзитетот Св. Кирил и Методиј а подоцна е магистер по одбрана. Ангеловски дел од работниот стаж бил во единицата  специјални задачи -Тигар, па инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти, инструктор во центарот за обука во Идризово и самостоен инспектор во крим техника во СВР Велес.  Новиот началник на СВР Велес Ангеловски  има и меѓународни обуки, работа во Северна Каролина САД во 2009-та и во Турција во 2015-та. 

На денешната средба со новите началници и нивите заменици Министерот Чулев и дополнителниот заменик министер Петровска потенцираа дека законите мора да се почитуваат и да се исполни основната цел, покрај стандардните за гарантирање на јавниот ред и мир, а тоа е организирањето на мирни, фер и демократски избори на 12 април.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »