Петар Печков
Објавено: вторник, 19 мај 2026
Игор Здравковски со нов мандат за апретседател на Општинскиот комитете на ВМРО-ДПМНЕ за Велес. Ова е одлука на седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а на која биле донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. Во однос на Здравковски од партијата посочуваат дека изборот на дел од актуелните пертседатели тоа се лица докажани кои со нивната работа „донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи“.
Ова е трет мандат на Здравковски на претседателска позиција на ОК ВМРО-ДПМНЕ, со што има најдолг стаж на позицијата. Член на ВМРО - ДПМНЕ од 2004 година.
По негов предлог наскоро треба да се формира и избере Извршниот Комитет на партијата во Велес. Изборот беше по пат на распишан повик на кој се јавиле десетина кандидати.
Избрани се и нови претседатели на ОК во соседните општини. Нови се за ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски и ОК Лозово – Стојан Пешевски, додека постојните добија нов мандат за ОК Свети Николе – Бојан Митев и ОК Чашка – Трајче Мишкоски.
фото приватна архива
| Tweet |




