речник контакт

Изборот е младински

Овој викенд младите од Велес учествуваа на локалниот настан „Изборот е младински", чија цел беше да ги едуцира и запознае младите со основните граѓански и политички права, слободи и одговорности, и да ги поттикне на акција за нивно остварување.

Петар Печков

Во рамките на настанот, активисти од младинскиот клуб при Фондација „Фокус“, Извидничкиот одред  „Димитар Влахов“,  Детскиот младински парламент, Клубот на млади при Црвениот крст и Младинскиот образовен форум дистрибуираа едукативни летоци преку кои се потенцираа членови од Уставот на Република Македонија со кои се гарантираат дел од основните човекови права и слободи. Еден од нив е членот 20 со кој се гарантира „Слободата на здружување“: ...На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

На вториот ден од акцијата, 29-ти септември, младите активисти организираа едукативна работилница со која ги едуцираа  присутните  како да препознаат кога одредени права и слободи се загрозени, ограничени или одземени, каде да се обратат за заштита при вакви ситуации, но и кои се граѓанските обврски кои произлегуваат од правата и слободите гарантирани со Устав.
 
Целта на оваа иницијатива е да едуцира дека суштината на правниот систем не е само спознавањето на правата туку и нивно исполнување со што ќе се постигне напредок во оваа сфера“, рече Игор Костов, координатор на локалниот настан.

Настаните беа организирани од страна на група млади активисти, кои учествуваа на Школата за активно граѓанство (Тренинзи за младински активизам) како дел од Проект на УСАИД за граѓанско општество во организација на Младинскиот образовен форум. Оваа иницијатива, исто така, доби поддршка од Општина Велес,

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »