речник контакт

Избрани директори во Детската градинка и ОУ Св. Кирил и Методиј

По распишаните конкурси избрани се Бранислава Нацева и Живко Пренџов

Петар Печков

Изминатиот период избрани се двајца директори, откако тие понудиле најдобра програма за работа во две општински  образовно- воспитни институции.

Во Детската градинка ,,Димче Мирчев,,   избрана е Бранислава Нацева, која изминатите шест месеци ја вршеше функцијата в.д. директор. Таа има завршено   Филозофски факултет –психологија о доаѓа од редот на вработените во оваа институција, која својата работа ја прошири и во општина Градско и Чашка а во Велес има шест клона.  .

Во ОУ Св. Кирил и Методиј избран е Живко Пренџов кој има завршено Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност - графичка насока. Има работено како дизајнер во Нокатекс а од 1996-та е професор по ликовно образование во велешките училишта.  

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »