речник контакт

Извидниците од Димитар Влахов победници на средбите во Богомила

Изминатиот викенд во село Богомила се одржаа Републички извиднички средби во органзиација на ИО Илинден од Скопје.

Петар Печков

 

На средбите учествуваа патроли од :
ИО Методи Митевски - Брицо, ИПО Галеб, ИПО Јадран  сите од Скопје, ИО “Еригон“ од Прилеп, ИО Скаут од Куманово, ИО Наум Наумовски - Борче  од Крива Паланка и  ИО Димитар Влахов од Велес.

Програмскиот дел на средбите имаа карактер на ориентационен и топографија во непознат терен.


Првата патека беше едноставна и бараше помала подготвеност од патролите,  втората патека беше екстремна и бараше многу голема подготвеност во делот на ориентацијата и топографијата, а и голема
физичка подготвеност. Покрај ова беше потребна и голема снаодливост , воедно и многу поголеми знаења за ориентација во природа. Покрај ориентацијата имаше и голем број на полигонски натпревари
и натпревари во областа на првата помош и сигнализацијата.



Во генерален пласман   извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес  го освои првото место, додека па во поединечна конкуренција, нашата прва одредска патрола
„ЛОШИ ДЕЦА“ го освои третото место во состав: Благој Ѓорчевски,Мартин Јошевски,
Душица Тевчева и Душица Здравевска.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »