речник контакт

Изгаснат пожарот кај Караслари, изгореа 60 хектари борова шума

Попладнево пожари кај Цуцка и кај манастирот кај Оморани

Петар Печков

Пoжapoт со кој  вчера попладне беше зафатена борова шума во близина на велешкото село Караслари денеска напладне е изгacнaт. Во гacнeњeтo учествуваа пoжapникapи од Велес, вработени од шумското стопанство „Бабуна“ и од Шумската подружница од Свети Николе, а беа вклучени и два авиони „канадер“ на Дирекцијата за заштита и cпaсyвaњe.

Поради интензивирање на пожарот кој од вчера избувна во село Караслари, општина Велес, Дирекцијата за заштита и спасување, со два воздухоплови и денес беше активна и интервенира од воздух. Авионите  интервенирале  шест пати, при што беа исфрлени 30 тони вода. Станува збор за пожар од поголеми размери при што беше зафатена шума црн бор. Денес пожарот беше локализиран и беше изгасната површина од 60 хектари.

Попладнево во велешко избувнаа уште два нови пожари. Едниот кај вливот на  реката Тополка во Вардар,  а вториот над манастирот кај велешкото село Оморани. Во пожарот над Тополка гори сува трева, а во пожарот над манастирот кај Оморани гори и ниско стеблеста дабова шума и трња. Во нивно гаснење вклучени се екипи од противпожарната единица од Велес.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »