речник контакт

Изгореа две викенд куќи во историското село Горно Врановци

Викендичките кои се лепенка една до друга се сопственост на двајца велешки адвокати

Петар Печков

Викенд куќи на велешани згореа целосно во пожар во неделата вечерта. Според против пожарната единица настанот кај нив бил пријавен во 19 часот а тие на лице место стигнале околу 20 часот. Три часа се обидувале да го изгаснат огнот а тоа им успеало во 23 часот, но немало што да се спаси, куќите целосно биле уништени.

Според жителите на селото Горно Врановци куќите целосно изгореле, како што тие велат ,,до кров,, и причинета голема материјална штета. Изгорена е комплетната покуќнина, опремата а куќите биле лепенки. Неофицијалните првични информации се дека е поради проблем во електро напојувањето. Викендичките  биле сопственост на двајца познати велешки адвокати а ова населено место е викенд населба на велешани, која иако е далеку 50км од градот, е омилена за изградба на вакви куќи.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »