речник контакт

Изгоре куќа кај Црна Џамија (фото)

Николче Александров кој е со старател оти е без родители, остана на улица, откако огнот му ја пеплоса куќата

Петар Печков

Вчеравечер во голем пожар изгоре куќа кај Црна Џамија,  во стариот  дел на градот. Таа е сопственост на Николче Александров,  кој во неа живее сам, откако неговите родители починале пред осум години.  Сирак и без работа, сега остана на улица, откако пламените јазици му пеплосале се што има имот.

Не  бев дома, кога  се случи пожарот. Бев спротива, и видов како почна да гори кровот од мојата куќа.  Трчав за да стигнам, но не можеше ништо да се спаси, се што имав изгоре - вели двадетидвегодишниот Николче.

Огнот ја изгорел покуќнината, техниката, документите како и парите што ги имал. Сега е само со  облеката што е на него.  Откако ја видел глетката на куќата што гори, тој доживеал шок, по што мораше да интервенира доктор од Итната   служба. Откако ги примил неоходните лекарства, Александров ноќта ја минал кај пријатели.  Куќата е на улица Коле Цветков бр.29. Први на помош притекнале комшиите.

Околу 21,30 слушнав звук како град да паѓа по кровот. Излеговме  надвор и што да видиме, гореше куќата на соседот. Веднаш  повикавме пожарна. Додека тие дојдоа ние се организиравме, почнавме со црева да го гасимене огнот. Ама притисокот падна и тешко одеше - велат соседите на Александров.  

Потоа огнот го гаснеа велешките пожарникари, со две нивни возила  и едно на ЈКП Дервен.  Претпладнево Николче, заедно со неговата старателка, беше во кругот и пребаруваше дали можеше  нешто да се  спаси. Но само пепел од тоа што го имал.

Наредниот период ќе биде згрижен од нејзина страна, со надеж дека совеста  на хумантите ќе проработи, и тој ќе добие  нов кров над главата. Објаснува како неговото милениче кучето Окер ги  информирал соседите за пожарот.

Кучето било на тераса и кoга започнало да гори внетре во куќата на горниот кат,  скокнало и истрчало до соседите и лаело, гребело на вратата. Кога излегле тоа им покажувало кон спратот, тие го виделе огнто и така е спечена поголема несреќа - додава Николче.

Првичните проценки се дека во куќата се оштетени 70 м2 простор заедно со покуќнина.

 телефон за контакт со Николче, бидејќи помош е неопходна:  075 332  117

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »