речник контакт

Изградба на Мавзолеј на Рацин

Следната година, по повод 100 годишнината од раѓањето на Коста Солев Рацин, Велес планира на поетот и револуционер да му изгради Мавзолеј и да ги пренесе посмртните останки од Спомен костурницата.

Петар Печков

Следната година, по повод 100 годишнината од раѓањето на Коста Солев Рацин, Велес планира на поетот и револуционер да му изгради Мавзолеј и да ги пренесе посмртните останки од Спомен костурницата.

- Сакаме да се оддолжиме на најзнамениот велешанец, Кочо Рацин со тоа што ќе подигнеме култно место, мал мавзолеј или гробница на некое фрекфентно и посетено место,  каде што ќе бидат поставени неговите посмртни останки. Сакаме на овој начин да му оддадеме достојна почит за се што сторил за Велес и Македонија - изјави  градоначалникот Аце Кцоевски.

Тој оваа идеја ќе ја предложи на Советот на општина  Велес, заедно со другите содржини кои треба да се случуваат наредната 2008-ма година кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на Рацин.

За реализација на овој проект, локалната власт ќе бара согласност од фамилијата Солеви.

Коцевски потенцира дека посебно е важно да добие согласност од борците од НОБ. Братот на Кочо, Александар вели дека е ова позитивна идеја, но треба да се најде адекватно решение.

- Интересна идеја. Се согласувам посмртните останки на брат ми да бидат поблиску до јавноста, но треба да биде на некое место каде нема да бидат скернавени, како што е случај со  двата споменика сега – вели Александар Солев. Тој неодамна за Дневник изјави дека последните сеќавања за брат му се кога биле пренесувани посмртните останки во заедничката гробница. Нивната мајка им порачала дека Коста има златен заб , по што Александар  тогаш и го познал Кочо во мноштвото други останки.

Велешките борци засега се без став по оваа идеја, се додека официјално не била понудена од локалните власти, по што членството ќе го кажало последниот збор. Неофицијално повеќе живи борци велат дека доколку фамилијата на Рацин нема против и тие ќе ја поддржат идејата за изградба на мавзолеј.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »