речник контакт

Издадена е кована пара ,,Св. Матрона Московска,,

Цената е 3,8 илјади денари

Петар Печков

Народна Банка нa  Македонија    издаде  кована пара ,,Света Матрона Московска,  дел од  серијата ковани пари - Икони на светци. Номиналната вредност е 100 денари изработена од сребро (Ag) 925, со тежина 31,1 гр.  Димензија  30 x 45 мм, и правоаголна форма. Година на издавањето е  2017 а цената 3.800 денари

На аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и тежината на монетата „31.1 g“.

Во централниот дел од аверсот е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се наоѓаат моштите на света Матрона Московска. Во заднината е прикажана контура на Манастирот. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик. 

На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажана слика на Матрона Московска, врз основа на делото од Покровскиот манастир во Москва. Околу централната слика се прикажани златни украси. На долниот дел од монетата е испишано: „света блажена Матрона Московска“ на руски јазик

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »