речник контакт

Издаден стрипот ,,Итар Пејо,, од Диме Илиев

На едно е мсто во овој стрип се собрани и објавени дел од прикаските за народниот итроман, кој се издавани во различни печатени изданија во Македонија, во подолг временски период.

Петар Печков

Македонскиот стрип центар од Велес ја издаде стрип книгата ,,Итар Пејо,, на авторот Диме Илиев Димано. Така скормната македонска стрип сцена е збогатена со едно стрип дело, за народниот  јунак. На едно е мсто во овој стрип се собрани и објавени дел од прикаските за народниот итроман, кој се издавани во различни печатени изданија во Македонија, во  подолг временски период. 

На барање од  авторот,  издаден е  само првиот дел од пообемниот материјал за познатиот  народен итроман.  Минатиот труд и творечката нестрпливост на доајенот Димано едноставно не натераа да прифатиме ваков гест и  предизвик,, конечно Итер  Пејо да се најде во стрип книга  -  изјави  Ване Трајков директор на Стрип центар на Македонија-Велес.

Стрип книгата е издадена со  финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Ова е првиот дел од  стрип книгата „ИТАР ПЕЈО “ на авторот Диме Илиев-Димано. Истата може да се набави во стрипарницата „БУНКЕР“ во Скопје.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »