речник контакт

Излетал од автопат и завршил во оградата

Скопјанец брзајќи на работа излетал автопатот и завршил во металната ограда. Заради видот на повредата е пренесен на Клинички во Скопје.

Петар Печков

Скопјанец  утрово излета од автопат а поради сериозноста на повредите е пренесен во Скопје, информираа од СВР Велес. Сообраќајката се случила околу 08,25 часот на автопатот Велес - Градско во близина на бензинската пумпа на мотелот Македонија. Патнички автомобил марка Цитроен Ц-4 со скопски регистерски ознаки управуван од лицето Станиша И. (29) од Скопје удрил во металната заштитна ограда и со автомобилот се превртел помеѓу двете метални огради поставени на автопатот.

По незгодата, возачот е пренесен во Медицински центар Велес, каде по укажаната лекарска помош поради видот на повредите е пренесен во Скопје. Според докторите од велешката Болница Синиша И. е надвор од животна опасност, но заради превентива е испратен на Клинички Центар. Сведоците на настанот тврдат дека возачот возел мошне брзо, згора на тоа  коловозот бил лизгав, по што се извртел и завршил меѓу двете ленти од автопатот. Тој бил вработен во Валандово и со неговиот автомобил патувал на работа.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »