речник контакт

Изложбата на стари мотиви од македонските градови во Велес

Дела на Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Вангел Коџоман, Томо Владимирски

Петар Печков

Во  Ликовниот салон во Велес беше  отворена тематска изложба „Урбани документи: пејсаж-град-предел“. Претставени се 23 дела, кои се дел од  богатата колекција на Националната галерија на Македонија на познати и афирмирани  автори, меѓу кои Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Вангел Коџоман, Томо Владимирски. 

Понудените ликовните дела  се интересни за публиката, од аспект на историски и документарен карактер, како сведоци на едно минато време, како и од ликовен аспект.  Оваа изложба ги следи насоките и препораките за децентрализација и демонополизција на културата во Република Макддонија, опфатени со Нацрт стратегијата за развој на културата во периодот 2018-2022 година. Освен со естетската вредност на овие слики, преку нив јавноста во Велес може да  се запознае со дел од нашето движено културно наследство. Згора на тоа 2018-та година од ЕУ е прогласена за година на  културното наследство - рече  Елена Иванова кустос во националната галерија и автор на изложбата.  

Голем дел од истите за прв пат беа  презентирани пред јавноста во просторот на Мала станица, Скопје, во септември  2017та година.  На делата се  препознатливи мотиви од Скопје, Битола, Охрид, Струга, Кратово, но и од Париз, Прага, Елбасан. 

 Изложбата ќе биде поставена до 6-ти февруари 

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »