речник контакт

Изложбата на стари фотографии од Велес во Врање

Жителите на Врање можат да видат стопедесет црно-бели фотографии од развојот на Велес

Петар Печков

По повод Денот на самостојноста на Република Македонија, во Врање - Србија беше отворена изложба на фотографии ,,Велес низ минатото,,. Таа е поставена во соработка со Македонско-руското друштво на пријаетлство ,,Димитрија Чупоски,,  Народнито музеј од Велес и Друштвото на Македонци од Врање ,,Гоце Делчев,,.
 Стоипедесет црно бели фотографии од повеќе фази на развојот на Велес се поствени во Домот на културата во Врање.При ова гостување е потпишана Декларација за соработка меѓу овие две друштва.

Во Врање живеат околу 500 ЗМакедонци, кои се организирани во Друштвото ,,Гоце Делчев,, и очекуваат и бараат  да продолжи негувањето на културните традиции со матичната земја, но и чести гостувања  на културните содржини од Македонија.

Изложбата  беше поставена летово, два месеци во Велес и предизвика голем интерес кај јавноста во градот. Нејзини автори се Павлина Василевска и Марјан Клифов. Најстарата фотографија е од 1863 година и на неа е фотографиран чун среде Вардар.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »