речник контакт

Изложбата ,,Ченто биографија низ фотографии,, пред велешани

Изложбата содржи преку 257 елементи, на 20 паноа од моментите на животот на македонскиот револуционер

Петар Печков

Изложба на документи и фотографии, посветени на Методија Андонов Ченто,  е отворена во Ликовниот салон во Велес. На 20 паноа се наоѓаат  овековечни моментите од  животот на македонскиот револуционер, роден во Прилеп. 

Изложбата насловена ,,Ченто  биографија низ фотографии,, е на Народниот музеј и Завод на  Прилеп и дело на кустосот советник  Рубинчо  Белчевски.

Изложбата содржи преку 257 елементи, од кои околу 224 фотографии, 15 документи, 15 различни делови од  говори на Ченто, мисли,  четири текстови, како и 30 фотографии од споменици, бисти, уметнички дела, монети, поштенски марки, восочна фигура со ликот на Ченто.

Ченто е еден од дејците кој животот и го посвети на Македонија.  Како негов сограѓанин, решив да почнам да собирам материјал, документи, фотографии, да го следам, да го расветлам  неговото дело.Најмногу помогнаа неговиот син и ќерка, чија сопственост се повеќето фотографии, потоа трагав по институции  да пребарувам. Целиот овој собран материјал, ќе излезе во печатено издание - рече авторот  Белчевски. 

Најавувајќи ја изложбата в.д. директорката на  ЛУ ,,Народен музеј,, Анита Василкова Мидоска, рече дека тоа е  изложба за богат живот, не само биографија за великан, туку историја на Македонија.  Методија Андонов - Ченто (17 август 1902 – 24 јули 1957) — македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »