речник контакт

Изложба за традиционалната велешка куќа од 19 и почетокот на 20 век

Во Ликовниот салон е отворена изложбата „Велешка куќа“ за традиционалната велешка куќа од 19 и почетокот на 20 век, на авторот архитект Петар Намичев

Петар Печков



Во Ликовниот салон е отворена изложбата „Велешка куќа“ за традиционалната велешка куќа од 19 и почетокот на 20 век. Автор на изложбата е архитектот Петар Намичев, кој  се претстави со педесетина цртежи изработени во туш на хартија, создадени од 2008 до 2010 година.

Изложбата е презентација на истражувањето од 2008 година и преку цртежите и каталогот е отсликано видувањето на авторот за најзначајните зачувани примероци на куќи од тој период. Вредностите на традиционалните градби се презентирани во каталогот кој е дел од серијата „Народно неимарство“ во издание на Музејот на Македонија.

Преку изложбата и каталогот се претставени најзначајните градби од урбаното живеење на градот, каде се потенцираат архаичните градителски и естетски вредности на куќата. Притоа се потенцирани квалитетите на просторното, градителското и декоративното обликување на велешката куќа, кои се отсликуваат во одредени амбиентални целини на улици во градското јадро. Со реализацијата на проектот, преку изработката на документација и презентација на изложбата се придонесува кон заштитата и афирмацијата на овој сегмент од градителското наследство на тлото на Република Македонија велат од Музејот на Македонија, кој заедно со Народниот Музеј на Велес се организатори на оваа изложба.

На изложбата се претставени 50-тина цртежи од авторот изработени во туш на хартија, создадени од неговото истражување во изминатите три години. Во цртежите се претставени некои од најзначајните зачувани градби на урбаното живеење на Велес со примена на архитектонските принципи прилагодени кон конфигурацијата на теренот и естетските вредности на куќата создаден е специфичен белег на целината на градското јадро.

Авторот изјави дека оваа тематика старата архитектура ја твори веќе 25 години од својот работен век, а со старата велешка архитектура се сретнал уште во детството затоа што корените на неговите родители и предци се од Велес и тој од дете бил фациниранод овие стари градби..

Намичев истакнува дека Велес изобилува со вакви објекти, стари градски куќи кои поради напливот на новата архитектура и негрижата за нив од страна на надлежните се повеќе пропаѓаат и исчезнуваат. Во исто време нивните сопственици немаат средства да евтентично да ги реновираат. Така, посочува, од некогашните над илјада, во моментов има едвај стотина прекрасни архитектонски автентично градени стари велешки куќи.

- Таа и ми беше целта истакнува авторот, да се анимира јавност и сите институции за заштита на ова наше културно богатство, и да се погрижиме за тој идентитет да го потврдиме на овој начин заштитувајќи го ова градителско наследство.Со тоа ќе ја заштитиме сликата на Велес како еден стар македонскли град со неговиот автентичен амбиент кој сеуште може да се почувствува, рече тој.

Намичев смета дека старите велешки куќи, меѓу кои и оние обновените на Васил Главинов, на Коста Рацин,на Јордан Хаџиконстантинов Џинот, куќата на Касапови и многу други треба да влезат во една, како што вели, шема за привлекување посетители за развој на културниот туризам во Велес.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »