речник контакт

Изложба на Ванчо Ѓорѓиевски во ликовниот салон

Следните десетина дена љубителите на сликараството ќе видат 30-тина дела во акварел на Ѓорѓиевски

Петар Печков

Изложбата е дел од проектот ,,Кич, да или не- сте или не?,,
Маестро Ванчо Ѓорѓиевски е еден од оние македонски сликари што ја внесуваат македонската ликовна уметност меѓу врвните европски мајстори! За неговото сликарство ќе се пишува уште -  беше речено во воведот  на отварањето на изложбата.

ВАНЧО ЃОРЃИЕВСКИ ( 1924-2009 )

Работел како редовен професор на Педагошката академија во Скопје. Покрај професионалниот ангажман со сликарство и графика, како и со педагошката дејност, Ѓорѓиевски активно делувал и во општествено политичкиот живот, особено во областа за грижа и воспитување на децата и младите.

Остварил повеќе Самостојни изложби во земјата и странство. Бил учесник на бројни групни изложби во Македонија и ширум Европа. Добитник на повеќе врвни награди и општествени признанија.

Дела од Ванчо Ѓорѓиевски се наоѓаат во многу јавни институции, Музеи и Галерии, во приватни колекции низ Македонија, Европа и пошироко.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »