речник контакт

Изложба на графики на велешанецот Јовановски - Мијак

Александар Јовановски Мијак пред публикака во родниот град се претстави со седмата по ред изложба на графики. Оваа беше негов магистерски труд.

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес  во средата вече  беше отворена   изложбата на графики  на академскиот сликар Александар Јовановски Мијак  Тој пред велешани се пртстави со 25 дела, поголемиот дел од нив се работи со кој неодамна магистрираше на ФЛУ. Инспирација на  делата  со кои се претстави е мијачкото потекло на неговото семејство,  како и  елементи од македонската историја и култура, везот, пејсажот, фолклорот.

Изложените  дела се изработени  во графика, модерен дигитален печат во комбинација со  класична техника. Две од изложените слики биле учесници на светска изложба на графика, одржана во Букурешт – Романија,  други се дел  од неговата дипломска работа. Ова му е седма самостојна изложба а со три  се има претставено  и пред публиката во САД.  Тој од неодамна се откажа од педагошката дејност во образованието и  реши да виде слободен уметник.        

 Вечрта беше збогатена со музичка придружба на Стевче Стојковски на кавал, на Трајче Ристов на тапани  и  Стојанче   Иванов на клавир а водител на настанот беше актерот Васил Зафирчев. Салонот одамна не беше така полн со пристуни, како на ова отварање..

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »