речник контакт

Изложба на дела од 8-та колонија Папрадишки мајстори

Изложени се триесетина ликовни дела од кои најголем дел слики масло на платно и резби, како и неколку вајарски дела.

Петар Печков

Во велешкиот Ликовен салон е отворена изложбата на дела создадени на 8-таСликарско –копаничарска колонија „Папрадишки мајстори‘‘ 2012.

Изложени се триесетина ликовни дела од кои најголем дел слики масло на платно и резби, како и неколку вајарски дела.

- Изложбата е успешна и таа стана препознатлив дел на Велес, потенцираа раководителите на изложбата Ангел Коруновски и Љубомир Бисинов. Колонијата веќе трета година се одржува во Велес, а првите пет години се одржуваше во селото Папрадиште во чест на бројните зографи, сликари и градители од ова планинско село под Солунска Глава, од кои најпознатиот е градителот на цркви Андреја Дамјанов.

Годинава, како и во претходните две, од 26 август до 5 септември ликовната колонија „Папрадишки мајстори‘‘ 2012 се одржа во Куќите на уметноста-куќата на семејството Касапови и на Јордан Хаџи Константинов - Џинот во стариот дел на Велес, изработени во прекрасна стара велешка архитектура и целосно обновени пред неколку години.

На изложбата се претставени дела од 14 сликари,12 резбари и копаничари и двајца вајари од Македонија, Русија, Србија, Бугарија и Црна Гора.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »