речник контакт

Изложба на копаници од велешки автори (фото)

Десетина автори се претставија со 45 дела

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на копаници, изработени од велешки автори. Десетина  копаничари кои и денес ја негуваат вековната традиција на овој уметнички занает,  пред јавноста се претставија со 45 дела, кои ги работеле досега.  Оваа групна изложба на резби  ќе биде отворена во наредните две седмици. 

Охрид е град колевка на македонската резба и копаничарство. Но и ние авторите копаничари од Велес, покажавме дека има вредни македонски раце, кои работат, творат на оваа древна уметност - изјави Славче Петков, еден од авторите во името на сите нив, застапени на изложбата.

Давајќи му душа на дрвото, негова нова димензија, преку кого авторите копаничари, ги истакнуваат своите фантазии и креации.

Бог ни дал на сите дарба, нешто да работиме. Од нас самите зависи како таа ќе ја употребиме или злоупотребиме. Уметникот го има дарот да гледа повеќе, подлабоко од другите. Оваа изложба е духовен препород за сите нас и авторите и посетителите Овој настан нека прерасне во традиционален - рече промоторот Влатко Стојменов, секретар на Повардарската Епархија, која заедно со велешкиот музеј се организатори на изложбата.  

Авторите со различни деле се претставија пред јавноста, ажурна резба, релјефна и барелјевна резба, релјефни икони со светители и библиски сцени, уметнички резби каде вешто се преплетуваат старата византиска и средно вековна традиција. 

Резбата како украс не е присутна само во црковните објекти, туку и во голем број профани дела и предмети од домаќинството. Дел од куќите на имотните жители, најчесто дневните соби биле украсувани со резбана таваница, како и врати, дел од мебелот, прозорци. За жал во Велес малку има зачувано од бројните куќи кои биле  богато украсени со резба - рече Елица Николова директорка на велешки Музеј.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »