речник контакт

Изложба на фотографии насловена „ЗАЕДНО„

Целта на изложбата е да се раздвижи фотографската сцена во Македонија и на љубителите на уметноста да им се подари пријатно визуелно искуство

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес премиерно беше отворена изложба на фотографии насловена „ЗАЕДНО“ на Фотокино клуб - Битола и Фото група „Чкрап!“ од Тетово. На изложбата се претставија  13 фотографи со вкупно 45 фотографии.
 
Целта на оваа изложба е да се раздвижат фотографската сцена во Македонија и на љубителите на уметноста да им се подари пријатно визуелно искуство.

Темата на сите фотографии е различна. Драги Неделчевски од Тетово  појаснува дека фотографијата зборува со универзален јазик и дека сите фотографи присутни на изложбата со свои фотографии на свој начин кажуваат нешто за себе, за своите преокупации и интереси и за светот околу нив, оставајќи личен печат.

Од Битола  се претставуваат фотографите: Александар Горгиев, Димитар Чунговски, Игор Јанковски, Коста Дупчинов, Виктор Налевски; од Тетово: Драги Неделчевски, Зоран Андов, Мирче Новаковски, Андреја Ѓорѓески, Борче Сиљаноски, Александра Новеска, а од Кавадарци: Цветанка Темкова и Сашко Дете Илов.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »