речник контакт

Изложба на фотографија од средното„Коле Неделковски“ во Новогард - Полска

„Разгледница од моето место“ претставена и пред Полјаците

Петар Печков

Изминатиот период во Јавната градска Библиотека “S. Żeromskiego” во Новогард,  Полска можеше да се погледне изложбата на фотографии, која беше  поставена со помош  на  збратименото училиште  ZSP “Stanislaw Stasicza” .

Фотографиите кои беа изложени  се дел од тие  кои пристигнаа на конкурсот кој што го организираше училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ во декември 2015 г. по повод 50 годишниот јубилеј на училиштето,  под мотото „Разгледница од моето место“.

Оваа изложба која го носи насловот „Разгледница од моето место“  содржи 60 фотографии и во целост е вистински промотор на градот Велес, помеѓу граѓаните на збратимениот град Новогард . Преку примерот на овој вид на промоција, воедно помагаме да се приближат и учениците и наставниците од основните и средните училишта на двата збратимени града кои земаа учество во конкурсот, да се запознаат традициите и културните вредности на двете земји - велат од СОУ Коле Неделковски.

Ова е втора година по ред, како Изложбата од конкурсот на уметничка фотографија добива Меѓународен карактер, не само по учесниците на истиот, туку и по формата на преставување надвор од Македонија

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »