речник контакт

Изложба на Ниче Василев во Ликовен салон

Струмичанецот пред велешани се претставува со 30-тина дела, прикриена еротика и пејзажи, работени во масло на платно и пастел

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на академскиот сликар Ниче Василев, од Струмица. Пејсажите, фигурите и скротената еротика, поткрепени со минималистички артризам се темите кои ги преставува Василев.

Во Ликовниот салон се изложени 30 слики создавани последните неколку години. Работени се повеќето во масло на платно а помалку пастели.

 Мојата тематика се женски фигури и пејзажи. Инспирацијата е се околу мене, немам нешто конкретно. Топлиот колорите и експресијата се мојата карактеристика    - рече авторот Василев.

Тој со оваа изложба се има претставено во Скопје, родната Струмица и сега Велес.  Ниче Василев е роден 1948 година во село Дабиле, Струмичко.

Основно образование завршува во родното место, а училиште за применета уметност во Скопје1969 година.  Студиите ги продолжува (1970/71) на националната академија за ликовни уметности (отсек текстил) во Софија, Република Бугарија. Во 1974 година завршува  во Варшава, Полска, на Академијата за ликовни уметности – отсек сликарство, во класата на проф. Лудвиг Мачонг. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »