речник контакт

Изложени Баханалии на Чатмов, пред велешката јавност (фото)

На изложбата се претставени 40 дела, масло на платно,создадени во последните три години од творештво на Трајче Чатмов

Петар Печков

Во ликовниот салон во Велес отворена е изложбата „Брутална вистина или Баханалии“  на ликовниот уметник Трајче Чатмов, велешанец кој живее и работи во Скопје. На изложбата се претставени 40 дела, масло на платно во експресионистички стил,создадени во последните три години од неговото творештво. 

Тоа што го знам го говорам преку платно и цртежот, така ми е полесно. Се трудев да ја доловам моменталната вистина, која сум ја заробил, иако сопствената висина е најтешко да се зароби. Ова се обични приказни,м поврзани со секојдневните размисли . Нема легенда на сликите, за да може сами да си ги толкуваат посетителите и доживуваат како што чувствуваат. Мислата нема време ниту простор, ова е мои проблесоци за било што  - рече авторот Чатмов.      

При отворањето на изложбата воведничарот директорката на велешки музеј Анита Мидоска Василовска, кажа дека изложбата повеќе прилега за алтернативен простор, како што е фоајето на Спомен Костурницата, каде според стилот и начинот на работа се  надополнуваат Мазев чие дело се внатрешноста на објектот и неговиот помлад наследник Чатмов со нацртани и изложени дела. .  

За творештвото на Трајче Чатмов свој осврт направи и Александар Кукулев Сашко

Денешната изложба Баханалии  несомнено илустрира и буди  фасцинантни перцепции и емоции. Тоа е така затоа што централно значење имаат вечните контрадикторности помеѓу животот и општествениот момент на неговото траење во кои се испреплетуваат алхемиските и морални недостатоци на луѓето, религијата,м смртта верата  -потенцира Кукулев.

Трајче Чатмов завршува факултет за ликовни уметности Скопје во 1996 година во класа на проф. Рубенс Корубин , а постдипломски студии завршува под менторство на проф. Родољуб Анастасов сликарство и филозофија(естетика) под менторство на проф. Кирил Темков во 2000 год. Прва самостојна изложба ја има во Охрид 1997 год во склоп на Охридско лето. Други самостојни изложби имал во 2002 Скопје и Велес , 2006 -2008Скопје,Битола ,Кавадарци ,Прилеп и Врање (Р.Србија) , 2011-2013 Скопје, Велес и 2016 во Скопје, 2017 Белград, Софија .

Учествувал на повеќе групни изложби и тоа во Р.Македонија и Минхен(Германија), Варшава(Полска),Канагава(Јапонија),Мурска Субота (Словенија) , Крагуевац (Србија), Велико Трново(Бугарија) , Дубаи и др.

Покрај сликарството се занимавал и со фотографија , анимиран филм и документарен филм за што и имаа добиено неколку награди во 1997год. (најдобра камера и најдобра режија за краток док.филм  ,,Времиња,,).

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »