речник контакт

Измамник им ветувал дрва за огрев, останеле и без дрва и без пари

Б.У. довел во заблуда три лица од Велес, дека ќе им испорача дрва за огрев по 2 илјади за метар кубен. Парите ги земал, дрвата не ги добиле

Петар Печков

Жител на селото Раштани измамил тројца велешани  со ветување дека ќе им испорача дрва за огрев, ги оставил и без дрва и без пари. Велешката полиција против   Б.У. (50) поднесе кривична пријава поради основи за сомнение за сторени три кривични дела „измама“. 

Во периодот  од февруари до  јуни,  ветувајќи  дека за две илјади  денари за 1м3 ќе им набави дабови огревни дрва, довел во заблуда три лица од Велес, при што  присвоил  26 илјади  денари .Во февруари  од оштетениот Б.С. успеал да земе 70 евра, а потоа и уште  две илјади  денари,  со ветување дека до месец јуни дрвата ќе му бидат донесени.

Во вториот случај, на оштетената Н.И., на почеток на месец февруари и ветил дека ќе и обезбеди 6м3 дабови огревни дрва за сума од две илјади  денари за 1м3, за што истата веднаш му платила 7 илјади  денари, а останатите пет илјади  да  ги плати откако  и ги достави дрвата,  до крајот на месец Февруари. Наместо да го исполни ветеното, пријавениот во текот на месец Март успеал да ги земе и останатите пет илјади  денари од оштетената , со изговор дека итно му требале и со ветување дека во најскоро време дрвата ќе и бидат донесени.

Во текот на месец јуни  пријавениот му понудил и на третото оштетено лице С.В. да му донесе 4м3 дабови огревни дрва за истата цена, за што оштетениот однапред му платил  четири илјади денари, а по кратко време му ги платил и останатите  четири илјади. 

До денес, пријавениот го нема исполнето ветувањето и нема испорачано дрва на ниту едно од  трите оштетените лица. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »