речник контакт

Изминатиот месец јануари потопол од просекот

Годинава просечната температура била 2,8 степени, 6,6 повеќе од лани

Петар Печков

Според метеоролошките податоци, изминатиот месец јануари во Македонија бил значително потопол од долгогодишните просечни вредности за температурата на воздухот. 

Така, просечната годинешна јануарска температура во Скопје изнесувала 3,3°С, што е за цели 3°С над просекот за периодот 1951-1980 година (0,4°С) и многу повисоко од истиот месец минатата, 2017 година (-4,0°С). 

Слични високи вредности за 2018 година има и мерна станица Штип (3,1°С) во однос на просечните 1,3°С за периодот 1951-1980 година. На мерниот пункт Лазарополе, разликата е уште поголема, односно 2,1°С за јануари 2018 година, во однос на просечните -2,3°С, а неспоредливо повисоко во однос на минатогодишниот јануари (-4,4°С). 

Севкупно, просечните вредности за мерните станици во Македонија, за јануари се 2,8°С или близу 2°С над долгогодишните вредности, а цели 6,6°С над просечните минатогодишни јануарски температури (-3,8°С). Во последните 50 години, потопол јануари (и тоа значително) бил во 2007 година, потоа во 1971 година и малку потопол во 2014 година.

Интересно е тоа што за разлика од годинешниот, минатогодишниот јануари (2017 година) беше меѓу 2-те просечно најстудени во Република Македонија, во последните 65 години (заедно со јануари 1954 година). Всушност, споменатиот месец беше исклучок во последните 10 години, кога речиси сите метеоролошки станици имаа позитивни просечни јануарски температури.

Според анализите на домашните, регионалните и светските метеоролошки и климатолошки центри, зимата ќе продолжи со натпросечно високите температури до самиот крај (во месеците февруари и март). Единствено ќе не очекува нешто поголемо количество на врнежи, што заедно со топењето на снегот од повисоките планини, може да доведе до поплави во ниските предели. 

текстот е преземен од  http://www.igeografija.mk

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »