речник контакт

Изминување на времето, изложба на чешки и македонски автори

Застапени се творци од различни генерации, 12 автори со 34 дела кои работат во различни техники

Петар Печков

 Во Ликовниот салон, вчеравечер беше отворен  Ликовен проект  ,,Изминување на времето,,  изложба на автори од Чешка и Македонија. 

Застапени се творци  од различни генерации, 12 автори со 34 дела,  кои работат   во различни медиуми како сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео инсталација.

Изложбата свечено  ја отвори Мирослав Рамеш амбасадор на Чешка во Македонија.

Дадениот момент, времето ги поврзува овие уметници и прави една симбиоза на нивните трудови ставени во еден простор во одредено време – изјави Елица Николова директорката на велешкиот музеј, организатор на  изложбата.  

Уметници  кои изложуваа во Велес се: Ленка Сарова Малиска, Варвара Дивишова, Мариана Аласер, Михаел Поспишил, Карел Штаинер, Катерина Таневска, Глигор Васков, Андријана Мациев, Мирјана Крстева Массетти, Марјан Ѕин, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »